За да ги задоволи потребите на пазарот на труд, Хрватска мора да привлече 200 илјади странски работници

Во петокот агенцијата „Стандард и Пурс“ го потврди рејтингот на Хрватска „БББ+/А-2“ и ја подобри перспективата од стабилна на позитивна, проценувајќи дека економијата ќе порасне посилна оваа година отколку во повеќето членки на еврозоната, поддржана од туризмот и потрошувачката, објавија хрватските медиуми.

Хрватска треба да забележи солиден раст, а на среднорочна перспектива просечно за 2,6 отсто годишно до крајот на 2026 година, оценуваат тие и додаваат дека инвестициите поддржани со финансирање од ЕУ треба да ги амортизираат можните осцилации кои произлегуваат од варијациите во бројот на туристи.

Сепак, како ризици агенцијата го наведува влошеното расположение на потрошувачите во континентална Европа, а со оглед дека Хрватска извезува речиси 25 отсто од стоките во Германија и Италија, така што е ранлива на економските трендови кај тие клучни трговски партнери, како и недостигот на работна сила.

„Проценуваме дека, за да ги задоволи потребите на пазарот на труд, Хрватска ќе мора да привлече 200.000 странски работници (што одговара на пет проценти од населението).

Треба да знаете
Последни објави