„Илинденка“, првото летало на македонската авијација, изложено во Стенковец

Првото летало на македонската авијација –  „Илинденка“  е изложено денеска на спортскиот аеродром Стенковец, каде се одржува свеченост со голем аеромитинг по повод 100 години македонска авијација. 

Илинденка е произведена во фабриката „20 Мај“ во Скопје. Првиот лет со едрилицата е изведен во 1955 година, а ќе остане запаметена по своето учество на светското едриличарско првенство во Полска, во 1958 година, како дел од тогашната репрезентација на СФРЈугославија. 

-Оттогаш до денес овој воздухоплов беше во Воено техничкиот музеј во Белград, и благодарение на одличните односи коишто ги имаме и со претседателот  на Србија, со министерот за надворешни работи Србија и благодарение на нивна помош на директорот на ВТМ во Белград, овој воздухплов денес е во Скопје каде што му е и местото, рече на свеченоста премиерот Димитар Ковачевски, забалагодарувајќи се на српските власти за тоа што еовозможено да се претстави првото летало на македонската авијација. 

Илинденка, како што посочи Ковачевски, отворила пат за создавање серија вакви едрилици кои биле испратени ширум поранешни  Југославија каде добивале само пофалби со оценки и кои ги вбројувале меѓу најдобрите во светот. Убаво е кога историјата ни е добро сочувана за да им раскажуваме на помладите генерации кои се денес тука меѓу нас. 

Ковачевски истакна дека денес на годишнината од 100 години македонска авијација со гордост можеме да кажеме дека ние сме НАТО, а нашата следна дестинација е ЕУ.

-Нашиот правец е создавање просперитетна економски силна и европска РСМ. Тоа е единствениот и вистински правец кој ќе обезбеди заслужено етаблирање на нашата земја, која денес е препознаена како кредибилен партнер во  трансатлантската заедница , партнер во креирањето и одржувањето  регионалниот и  светскиот  мир, меѓународно признаена како земја со цврст, зацврстен и потврден македонски идентитет , јазик и култура.Онака како што денес заедно ја бележиме нашата историја, така и заедно да бележиме историја  и на европската маса и рамо до рамо со нашите сојузници со активностите за обезбедувањето на светскиот мир и безбедност секаде, рече Ковачевски. 

Посочувајќи дека во 1923 година е формиран првиот аероклуб во нашата држава, Аероклубот Скопје истакна дека нашата авијација помина низ многу предизвици поминувајќи преку разни општествени  прилики општествени уредувања, војни кризи и непогоди.

-Но, со упорноста и големата верба успеа да ги надмине предизвиците и да добие епитети на почит и уважување.  Велам многу предизвици бидејќи скромните почетоци пред 100 години, денес се претворени во солидна база за успеси на македонското воздухопловство, не само на нашата држава, туку и надвор од неа, а тоа го докажуваат и многуте заеднички активности кои нашите пилоти, нашите авијатичари ги реализирале и ги реализираат како преку учество во акции и зачувување на човечки животи  во државата, така и преку заеднички и регионални и глобални акции на полето на безбедноста, наведе Ковачевски. 

На настанот меѓу гостите се и министерот за надворешни работи на Република Србија, Ивица Дачиќ, како и амбасадорот на Италија во Република Северна Македонија, Андреа Силвестри.

Програмата опфаќа учество на над 30 различни воздухоплови од земјава и странство како и падобранци од нашата земја и од пријатели на клубот од целиот регион.

Треба да знаете
Последни објави