Најголемото слатководно езеро во Британија покриено со токсични алги

Најголемото слатководно езеро на Британските острови, кое е извор на речиси половина од водата за пиење во Северна Ирска, е силно нападнато со отровни алги, објави денеска Скај њуз.

„Lough Neigh, најголемото слатководно езеро во Велика Британија и Ирска, е отруено од токсични сино-зелени алги во апокалиптични размери“, соопшти британската телевизија.

Ова доведува до смрт на риби, птици и други животни, а исто така предизвикува загриженост за јавното здравје, бидејќи езерото, кое се наоѓа во Северна Ирска, служи како извор на 40 отсто од целата вода за пиење во британската провинција, пишува Sky News.

Некогаш чистата вода доби светло зелена боја, а многу жители кои со години ловат риба или се занимаваат со други работи на езерото повеќе не можат да продолжат со своите активности.

Скај њуз вели дека ситуацијата се надополнува со политичката ситуација во Северна Ирска, откако Демократската унионистичка партија (ДУП), која загуби на последните избори, одби да формира нова влада со националистичката партија Шин Феин, која освои мнозинство гласови.

Без владата и одговорниот министер за животна средина, нема кој да преземе соодветни мерки во однос на воспоставување контрола врз вонредната состојба, наведува Скај њуз.

Треба да знаете
Последни објави