Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Лорал О’Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб полетаа од космодромот Бајконур.
О’Хара ќе помине шест месеци на станицата, додека Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.
Тројцата требаше да одлетаат до вселенската станица минатата пролет, но нивната оригинална капсула служеше како придружба за друг екипаж.
Вториот екипаж – исто така двајца Руси и еден Американец – заминува дома на Земјата подоцна овој месец.
Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.
Ова е прв вселенски лет за О’Хара и Чуб, додека командантот на мисијата Кононенко е на своето петто патување до орбиталната станица.
Екипажот требаше да пристигне на станицата три часа по полетувањето.
На станицата ги пречекуваат седум астронаути од САД, Русија, Данска и Јапонија.
Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време – повеќе од илјада дена – во вселената.