Роналдо го тужи Јувентус поради неисплатени платите за време на пандемијата

Поранешниот фудбалер на Јувентус, Кристијано Роналдо официјално поднесе тужба против клубот од Торино поради неисплата на платите за време на пандемијата на коронавирус, објави „La Gazzetta dello Sport“.

Според италијанскиот спортски весник, 38-годишниот Португалец сака да си ги добие 19,9 милиони евра кои останале неплатени за време на пандемијата. Откако побарал документи од обвинителството во Торино, Роналдо решил да тужи. Фудбалерот сака да ги добие парите што се согласил да не ги зема веднаш за време на карантинот.

Се работи за договор кој Јувентус го склучи со некои играчи за време на пандемијата на коронавирус. Играчите се согласија на намалување на платата за неофицијално, со текот на времето да добиваат пари.

Роналдо играше за Јувентус од 2018 до 2021 година. Вкупно, фудбалерот одигра 134 натпревари за клубот, на кои постигна 101 гол и даде 22 асистенции. 

Треба да знаете
Последни објави