(Видео) Роналдо од слобеден удар со топката „нокаутираше“ камерман зад голот !

Бројни се непријатните ситуации од фудбалските терени кога топката упатена со сета сила ќе заврши во главата на играчите или лицата покрај теренот. Не ретко по ваквите ситуации има и интервенции од лекарските тимови.

Таква непријатна ситуација викендов е актуелна откако фудбалската ѕвезда, Португалецот Кристијан Роналдо со силен удар на натпревар од првенството во Саудиска Арабија меѓу Ал Наср и Ал Раде со топката го погоди во глава камерманот зад голот.

Роналдо изведе слободен удар, топката мина крај голот и заврши во главата на камерманот кој доживеа нокаут. Несреќниот снимател некако успеа да се задржи на нозе држаејќи се за камерата.

По средбата се појави фотографија како изгледа човекот откако го погоди Португалецот во глава, а има и видео-запис како реагира снимателот по ударот со топката.

Треба да знаете
Последни објави