Лидерот на опозициската партија, Христијан Мицкоски во сличен стил како и неговиот претходник Никола Груевски, во Свети Николе терајќи кампања ја поздрави администрацијата во општината која макотрпно работела за да обезбеди проект повеќе и најави дека тој како премиер на идната Влада ќе донесел огромни инвестиции во Свети Николе, а за светиниколчани да почувствуваат што значи да се биде пријател на граѓаните.
Но светиниколчани уште не ја заборавиле фабриката за печурки, за која им беа ветени 450 враборувања од тогашниот премиер Груевски, која не само што не се отвори туку и никој не знае што се случи со овој проект, бидејќи излезе и дека инвеститорот бил криминалец.
Груевски слично како Мицкоски, како предизборно ветување во 2014 година постави камен темелник на фабриката, како што беше тогаш најавено, стануваше збор за холандска инвестиција на „ИД Балкан“ вредна 25 милиони евра, која требаше да отвори 450 работни места во неколку фази. Првата фаза на производство беше најавено дека ќе почне во септември 2014 година, а целосно инвестицијата да биде комплетирана за 4 до 5 години.
Но печуркарата предврме мувлоса, а светиниколчани до денеска не ги добија вработувањата, бидеј инвеститорот на Груевски во Холандија, Теодорус ван Кампен бил гонет за даночна измама во вредност од околу 10 милиони евра. Државата му запленила фабрика, зграда и приватен авион.
Според пишувањата на медиумите, во 2011 година кога бил недостапен за властите тој пак бил присутен во Македонија и ги договарал бизнисите со Груевски.