(Видео) Само неколку метри над земја – низок прелет на владиниот авион над Стенковец

Како дел од вчерашниот настан по повод 100 годишнината на македонската авијација, присутните граѓани имаа моѓност одблизу да го видат во лет и владниот авион „Лирџет 60“.

Тоа е единствениот авион во сопственост на Владата, кој се користи за брз транспорт на патници.

Овој модел на авион од канадскиот производител „Бомбардие“ за првпат е произведен во 1991, а македонската влада беше првата влада во светот којa купи ваков авион за свои потреби.

Државата авиoнот Лирџет 60 го купи во 2005 година, тој има капацитет од 8 патници, максималната брзина му е 839 километри на час и може да прелета растојание од 4.461 километар.

Треба да знаете
Последни објави