Тренерот на Интер, Симоне Инзаги е презадоволен по големата победа синоќа на дербито со Милан (5:1) во 4. коло од Серија А.
– Добро го започнавме натпреварот и ја задржавме нашата концентрација во текот на целиот период, постигнувајќи голови во вистински моменти од натпреварот. Им честитам на момците за начинот на кој ја започнаа сезоната. Драго ни е што им дадовме на навивачите причина за славење.
Минатата сезона освоивме два трофеи и стигнавме до финалето на Лигата на шампионите. Тоа ни помогна повеќе да веруваме во себе, изјави Инзаги за „Football Italia“.
Интер забележаа четири победи во четири кола во Италијанското првенство и е лидер во поредокот со 12 бода.
На 24 септември ќе игра со Емполи во петтото коло од Серија А.