Автомобилистот Игор Стефановски-Иџе се закити со нова, трета титула европски првак на ридски патеки. Со победа на трката во Бузет, Хрватска, Иџе ја задржа предноста која ја имаше во генералниот пласман што му беше доволна да ја прослави новата титула.
Македонец имаше фантастична сезона во европскиот шампионат на ридски патеки сезонава. Во Бузет дојде до седмата победа од вкупно десет трки колку што се возеа, на три беше второпласиран.
Претходно со европската титула се закити во 2014 и 2015 година.