Во рамките на континуираните превентивни активности, полициски службеници од Одделението за превенција при СВР Скопје вчера (16.09.2023) реализираа превентивна активност за заштита на шумите од пожари на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност Драчево, во општина Зелениково. Активноста беше спроведена во координација со „Национални шуми” и Шумската полиција и низ разговори со граѓаните беше потенцирана потребата од одговорност и внимателност при движење во или во близина на шумите, особено да не се фрлаат догорчиња од цигари или друг запалив отпад затоа што можат да настанат огромни штети. На граѓаните им беа поделени и летоци со едукативна содржина.