Возачот на Астон Мартин, Ленс Строл, ќе ја пропушти трката во Формула 1 за ГН на Сингапур.
– По несреќата на Ленс во квалификациите, возачот и тимот заеднички се договорија дека тој нема да учествува на трката. Астон Мартин има огромна работа да го поправи болидот, а Ленс сè уште ги чувствува последиците од таков силен удар. Тој сега е фокусиран на целосно закрепнување за Големата награда на Јапонија, се вели во соопштението на тимот.
За време на вчерашните квалификации за Големата награда на Сингапур, болидот на Ленс се излизга во кривина и удри во заштитниот ѕидот, по што беше исфрлен на патеката. Ударот уништи поголем дел од левата половина од автомобилот.
Почетокот на трката во Сингапур е попладнево во 14 часот.