Тиквеш му зеде мерка на Вардар

Вардар го претрпе четвртиот пораз сезонава, овојпат на гостувањето во Кавадарци кај Тиквеш (1:0) во дербито на 7. коло од прволигашката фудбалска конкуренција. Кавадарчани до триумфот и трите бода стигнаа со играч помалку  откако на почетокот од вториот дел предвреме во соблекувалната беше испратен Даниел Карчески.

Во динамечно прв полувреме немаше погодоци, но имаше дури седум жолти картони (четири за Тиквеш и три за Вардар). Највозбудливо беше во периодот од 70 до 76 минута кога трипати се тресеа рмките од голот на двете страни, за потоа Спахиу да ја зтресе мрежата на „црвено-црните“.

Во првенството веќе нема непоразена екипа, откако Шкендија попладневи капитулираше на гости кај Силекс (2:1). Кратовци промашија пенал во првиот дел, но затоа се израдуваа на погодок во 58 минута, а во самиот финише пред последниот судиски свиреж Шкендија израмни на 1:1, но само што тргнаа фудбалерите на Силекс од центарот, повторно ја вратија предноста за конечни 2:1.

ПРВА ЛИГА, 7. КОЛО

Тиквеш – Вардар 1:0

Спахиу 76 минута

Брегалница – Струга 1:3

Калпачки 56 – Бојку 6, Ибраими 57, Ефионг 90

Силекс – Шкендија 2:1

Милосављевиќ 58, Лазаревиќ 90+1 – Цаке 86

Македонија ЃП – Гостивар 3:0

Величковски 7, Мишевски 81 п., Илиевски 90+1

Работнички – Воска Спорт 2:0

Велкоски 31 п., Гандо Биала 59

ВЧЕРА

Шкупи – Брера АП 1:0

Абази 69

ТАБЕЛА: Шкендија 13 бода (6 меча), Брера АП 13 (7), Шкупи 12 (7), Силекс 12 (7), Тиквеш 10 (7), Работнички 10 (7), Струга 9 (4), Брегалница 9 (7), Македонија ЃП 8 (7), Воска Спорт 7 (8),Вардар 4 (6), Гостивар 3 (7).

Треба да знаете
Последни објави