Делегација на Генералната дирекција на водостопанство на Турција во посета на Северна Македонија

 Делегација на Генералната дирекција на водостопанство на Република Турција од утре до 24 септември ќе посети 22 населени места во источниот дел од државава за спроведување анализи за решавање на проблемот со вода за пиење, како и подобрување на водната инфраструктура.

Како што соопшти Амбасадата на Република Турција во Скопје, активноста е согласно Меморандумот за разбирање во областа на водата помеѓу Република Турција и Република Северна Македонија од 2022 година и во рамки на активности на Заедничкиот комитет за вода основан согласно Меморандумот.  Ќе се реализираат теренски посети во населени места во општините Василево, Валандово, Штип, Чашка, Дојран, Радовиш и Струмица. 

За таа цел утре ќе има координативната средба во Министерството за животна средина и просторно планирање, по што делегацијата ќе се упати кон Општина Василево, прва локација за планираноте теренски активности. Делегацијата во вторник ќе биде во Општина Радовиш, во среда во општините Дојран и Струмица, во четврток во Општина Валандово, а во петок во Општина Штип каде што ќе има и официјални состаноци со претставниците на тие општини. 

Треба да знаете
Последни објави