Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид како гостин го совлада Охрид (28:22) во салата „Билјанини Извори“. Предводен од репрезентативецот Марко Митев кој средбата ја заврши со девет погодоци, Алкалоид немаше проблем да стигне до победата во првото гостување сезонава од Суперлигата.
Ова беше втора победа од исто толку натпревари за РК Алкалоид кој во следното коло на домашен терен ќе игра против екипата на РК Еурофарм Пелистер 2.
Охрид го запиша првиот пораз по два натпревара во А-групата од Супер лигата.