Маск го нападна Сорос: Сака да ја уништи западната цивилизација!

Илон Маск ја обвини фондацијата на Џорџ Сорос дека сака да ја уништи западната цивилизација. Маск го изјавил (всушност напишал) ова за време на подготовките за средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Калифорнија, пишува Гардијан.

Изјавата на Маск беше одговор на објавата на поранешен корисник на Твитер, сега Х, кој сподели фотографија од мигранти од Африка кои пристигнуваат со брод на италијанскиот остров Лампедуза. Заедно со сликата, корисникот го објавил и текстот „инвазија предводена од Џорџ Сорос“.

„Се чини дека организацијата на Сорос сака уништување на западната цивилизација“, напиша Маск.

Џорџ Сорос, унгарско-американски бизнисмен и филантроп, е честа жртва на различни, честопати антисемитски, теории на заговор.

Неговата Фондација Отворено општество, која ги поддржува граѓанските организации, вклучително и оние кои се занимаваат со благосостојбата на мигрантите, бегалците и барателите на азил, е честа цел на екстремно десничарските активисти.

Маск беше обвинет од некои граѓански организации за поддршка на антисемитизмот на неговата социјална мрежа, но тој тоа го негира. Маск ќе се сретне со Нетанјаху во понеделник за да разговара за вештачката интелигенција. Тема на разговорот, како што е нагласено, нема да биде спорот на Маск со Лигата за борба против клеветата (АДЛ), со која Маск е во спор за наводен антисемитизам на платформата Х.

Сепак, Вашингтон пост минатата недела објави дека средбата меѓу американскиот милијардер и израелскиот претседател е нов чекор во напорите на еврејските пријатели и сојузници на Маск да ги одбијат зголемените критики за антисемитските објави на платформата Х.

Маск се закани дека ќе ја тужи АДЛ, американска граѓанска организација која се бори против антисемитизмот и фанатизмот, и ги обвини дека се обиделе да ја „убијат“ неговата платформа Х со „лажно обвинување за антисемитизам“.

Групите на граѓанското општество, вклучително и Центарот за спречување на омраза на Интернет и АДЛ, ги објавија своите наоди кои покажуваат дека количината на говор на омраза значително се зголемила на социјалната мрежа откако Илон Маск ја презеде.

Треба да знаете
Последни објави