ЕУ бара Иран да ја преиспита одлука за забрана на пристап на инспектори на МААЕ до неговите нуклеарни капацитети

Европската Унија изрази загриженост поради одлуката на  Иран за одземање на дозволите на неколку искусни инспектори Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) за пристап до неговите нуклеарни капацитети и побара од властите од Техеран без одлагање да го преиспитаат ова свое решение. 

– Посебно загрижувачко е директното и сериозно влијание на оваа одлука врз капацитетите на Агенцијата да ги спроведе своите верификациски активности, кои вклучуваат и мониторинг согласно Заедничкиот сеопфатен акциски план, се наведува во реакцијата на Европската служба за надворешни работи. 

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси во саботата информираше дека Иран им забранил на „околу една третина од најискусните инспектори“ на Агенцијата да вршат мониторинг на иранските нуклеарни инсталации. Тој ваквата одлука ја оцени како „потег без преседан“, нагласувајќи дека таа ќе ја усложни инспекцијата на иранската нуклеарна програма. 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел во петокот информира дека добил известување од Велика Британија, Германија и Франција дека Иран не ги исполнува обврските од Заедничкиот сеопфатен акциски план за иранската нуклеарна програма и дека трите земји планираат „да не преземаат чекори во врска со укинување на понатамошните санкции“ кон Техеран. 

Треба да знаете
Последни објави