Донесовме одлука дека дојдовме до моментот кога можеме да создадеме и да работиме преку независна фондација која може да ја носи целата мрежа на меѓународно и европско ниво- вели Жељко Јовановиќ во интервју за ЕУ Ромапрес.
Таа фондација додава Јовановиќ, треба да биде место кое е отворено за сите, особено за Ромите, кои имаат знаење, вештини и искуство да придонесат за стратешките цели
во однос на економското, политичкото и културното разјаснување на Ромската заедница.
Нашата цел е да создадеме фондација и мрежа во која нашите најдобри кадри сакаат да работат со гордост, особено оние Роми кои денес не се во постоечките ромски организации или политички партии, туку се во медиумите, компаниите, државните институции, дијаспората – објаснува Јовановиќ.
Според него, независната фондација ќе ја градат како институција која ќе биде оставена на следната генерација да ја води бидејќи еден од постојаните проблеми што ги имаат е тоа што многу малку од нивните организации, без разлика дали се политички или невладини, можат да опстанат.