Комисиската седница за софистицираните системи Пегасус и Предатор затворена за јавноста

Собраниската Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање одлучи зад затворени врати да ја разгледува информацијата за софистицираните системи Пегасус и Предатор, посебно за нивното производство, продажба, користење и можни злоупотреби.

Комисијата ја свика нејзиниот претседател пратеникот Љупчо Пренџов. 

За исходот од седницата најавени се изјави за медиумите по нејзиното завршување. 

Треба да знаете
Последни објави