Приведен крадец од скопско за издржување на двегодишна казна затвор

Ноќва (18.09.2023) во 01.40 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од  Оперативен тим Потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција го лишија од слобода И.Н.(24) од скопско Трубарево.
За него била распишана централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје. Тој бил осуден на казна затвор во времетраење од 2 години за сторено кривично дело „тешка кражба” по член 236 од Кривичниот законик.
И.Н. е предаден во полициска станица за понатамошна постапка, по што ќе биде спроведен во казнено-поправна установа за издржување на казната.

Треба да знаете
Последни објави