Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка поради забраната за увоз на храна

 Украина планира да ги тужи Полска, Унгарија и Словачка за забрана на увоз на украински земјоделски производи, изјави украинскиот трговски претставник Тарас Качка во интервју за Политико.

Забраните на владите на три централноевропски земји имаат за цел да ги заштитат сопствените земјоделци од жито од Украина, по руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море.

„Важно е да се докаже дека овие постапки се правно погрешни. И затоа утре ќе започнеме правна постапка“, рече Качка додавајќи дека Киев планира да возврати со мерки против извозот на полско овошје и зеленчук.

„Ќе бидеме принудени да возвратиме со дополнителни производи, а тие би забраниле увоз на овошје и зеленчук од Полска“, изјави тој за Политико.

Трите земји се побунија против Европската комисија, која минатиот петок одлучи да дозволи продажба на украинско жито низ ЕУ. 

Треба да знаете
Последни објави