Министерството за економија изготви листата на производи опфатени во одлуката за намалување на цените која што треба да се усвои од Владата на следната седница. Согласно предлог-одлуката трговците на мало ќе имаат обврска да ги означат цените на намалените производи со ознаката „гарантирана цена“, соопшти денеска министерот Крешник Бектеши.
Министерот информираше дека станува збор за 25 категории и над 50 производи од пекарската, месната, млечната и кондиторската индустрија кои во маркетите ќе се продаваат со ознака, а листата на производите е направена според анализите на Државниот завод за статистика за тоа што најмногу трошат граѓаните.
Дополнително, самите производителите и диструбутерите кои не се наоѓаат на листата, ќе можат доброволно да се пријават за намалување на цените, односно да не се почувствуваат дискриминирани, туку да се пријават нивните производи да имаат ознака “гарантирана цена“.