Вработен на Клиниката за кардиохирургија физички го нападнал директорот, сам се пријавил во полиција

Вработен на Клиниката за кардиохирургија, со иницијали С.Ј. денеска, околу 10.00 часот, прво вербално нападнал медицинска сестра, а потоа физички го нападнал М.Ш. (директор на клиниката), по што ја напуштил клиниката и самиот се пријавил во ПС Центар, известуваат од МВР.

Во СВР Скопје добиена е пријава за случајот. Известен е и јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на настанот.

За инцидентот информира и Министерството за здравство. 

-Министерството за здравство ја имформира јавноста дека денеска на Клиниката за кардиохирургија се случил инцидент за што е известена полицијата. Министерот за здравство д-р Фатмир Меџити е запознаен со настанот од здравствените работници побара совесно и професионално однесување и да се посветат на пациентите, се вели во реакцијата на МЗ.

Треба да знаете
Последни објави