Иран очекува денеска да се одржи размена на затвореници со САД

Иран очекува дека размената на затвореници со САД ќе биде извршена денеска кога ќе се потврди дека Јужна Кореја ослободила шест милијарди долари ирански средства, изјави Насер Канани, портпарол на иранското Министерство за надворешни работи.

-Се надеваме дека денес ќе имаме потврда дека е платен целиот износ на деблокирани средства и дека „размената на затворениците ќе биде извршена истиот ден, со ослободување на петмина затворени ирански државјани во САД, рече Канани на прес-конференција во Техеран.

Тој рече дека двајцата ирански затвореници кои ќе бидат ослободени ќе останат во САД. Иран треба паралелно да ослободи пет Американци.

Американските власти не ги потврдија тие најави.

Треба да знаете
Последни објави