Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности расчистија 7 кривични дела „тешка кражба” и 3 кривични дела „кражба” извршени од викенд куќи, куќи и возила, на територијата на град Штип, во периодот од јануари до јули годинава. Поради постоење основи на сомнение дека се сторители на делата, од слобода биле лишени Д.А.(30), А.Д.(18), Џ.И.(33), Т.Ј.(18), А.С.(40) сите од Штип, Ј.М.(20) од Струмица, С.Р.(22) од Радовиш и С.Р. (20) од Кочани, сторители на кривични дела од областа на имотните деликти. Во службен разговор во полициска станица тие ги признале кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.