Државната комисија за спречување на корупцијата оформи предмет, по доставена анонимна пријава во која се наведува дека „генералниот секретаријат потпишал договор сo Microsoft за лиценци и сервиси во вредност од околу 26.000.000,00 евра“.
Предметот, согласно со деловникот за работа на ДКСК, е распределен за работа и постапувањето по истиот е во тек, информираа од ДКСК.
Претходно портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски упати повик до ДКСК да отвори предмет во врска со набавка на лиценци од страна на Владата на Република Северна Македонија, со прашање „како е можно 40 милиони евра да се даваат за лиценци на фирма каде што доминира колега на премиерот“.