Холивудскиот актер Бред Пит моментално престојува во Италија. Според интернет платформата stol.it, Пит е на краток одмор во северната италијанска провинција Трентино-Јужен Тирол, а објавиле и видео од Пит како го напушта аеродромот во Болцано.
Актерот пристигна во Италија со својот приватен авион, а слета на аеродромот во понеделникот попладне. Пит живее во градот Мерано, кој е познат по својата луксузна велнес понуда и бањи.
Пред неколку години почнаа да се шират гласини дека Пит би можел да глуми во филмот ‘Ötzi’, но како што пишува споменатата платформа, не се знае дали затоа отпатувал во Тирол.