Германскиот играч за врска Јулијан Дракслер ги напушти редовите на францускиот фудбалски првак ПСЖ и потпиша двегодишен договор со катарскиот клуб Ал Ахли.
Дракслер (29) го носеше дресот на ПСЖ од 2017 година, а во новата клупска средина ќе им се приклучи на своите поранешни соиграчи Марко Верати и Абду Диало.
Во дресот на ПСЖ одигра 198 натпревари, постигнувајќи 28 голови, а минатата сезона настапуваше како позајмен фудбалер во редовите на Бенфика.
Дракслер за германската репрезентација досега собра 58 настапи на кои постигна седум голови.