Тринаесетмина велешани на возраст од 20 до 30 години денес се најдоа на обвинителна клупа во случајот за сексуална злоупотреба на малолетничка. Тројца се обвинети за „трговија со дете“, дел се товарат за кривично дело „полов напад и силување„ а еден и за производство и дистрибуција на детска порнографија.
По почетокот на главната расправа, според информациите од Кривичен суд, еден од обвинетите признал вина и судијата му изрекол двегодишна затворска казна за делото „полов напад врз дете“. До правосилноста на пресудата му е изречен куќен притвор.
Јавен обвинител од обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во јануари годинава отвори истрага за овој предмет поврзан со сексуално злоупотребување малолетничка и изготвувале порнографски материјал. Кога се отвори истрагата обвинителството објави дека 25 годишен велешанец излегол со малолетничката, ја снимал и потоа цела година и се заканувал да доаѓа и на други средби, во спротивно ќе ги објавел материјалите со интимна содржина.
За кривичните дела трговија со дете и полова злоупотреба на немоќно лице предвидени се затворски казни од најмалку осум години, додека за производство и дистрибуција на детска порнографија затворска казна од 3 до 5 години.