58-годишен навивач на Њукасл бил однесен во италијанска болница откако бил нападнат синоќа од група од 7-8 вооружени мажи. Британецот бил избоден три пати. Навивачот бил спасен од полицијата и веднаш пренесен во болница. Засега не се знае кој е мотивот за нападот.
На социјалните мрежи се појавија и информации дека непознати напаѓачи со ножеви нападнале и група навивачи на Њукасл одзади додека се враќале во нивниот хотел.
– Тројца од нив беа нападнати одзади од група луѓе со маски, еден беше сериозно избоден. Тие ја напуштија фан зоната, упатувајќи се кон хотелот. За среќа, сега се е во ред со нив и се во стабилна состојба, вели роднина на една од жртвите.
Милан ќе биде домаќин на англискиот тим во 1. коло од групната фаза на Лигата на шампионите. Натпреварот ќе се одигра вечер на „Сан Сиро“ со почеток во 18:45 часот.