„За оние кои не знаат, имав рак на кожата на лицето. Мораа да ми отстранат тумор од образот и остана вдлабнатина. Дефинитивно не се жалам затоа што повеќе би сакала да имам вдлабнатина отколку меланом “, напиша таа на својот Инстаграм профил во вторникот.
Реалити ѕвездата објави неколку фотографии, а на едната го покажа лицето веднаш по операцијата, со конци на образот. На други фотографии покажала како изгледа шуплината која ја имала по операцијата, а открила и дека ќе ја наполни со филери.
„Чекав повеќе од девет месеци за да го направам ова. Трпението е сè, и секако моравме медицински да се погрижиме се да биде безбедно“, напиша таа.
Таа исто така додаде дека додавањето филер на образите ќе биде нешто што секогаш ќе мора да го прави.
„Изгледам лудо на овие фотографии, но среќна сум што моето лице полека се враќа во нормала“, напиша таа покрај фотографијата по првиот круг филери.
Таа му се заблагодари на хирургот кој го отстранил туморот за кој мислела дека е само мозолче.
„Не само што го отстрани туморот туку и се погрижи повеќе да немам рак, туку направи одлична работа да ми ја направи лузната што е можно помала и убава“, додаде таа.
Таа ги советуваше следбениците да одат на лекар за преглед на кожата.
Клое првпат откри дека има тумор во октомври 2022 година, откако во медиумите беше објавена фотографија на која носи фластер на образот.