Статусот на Скопје за европска престолнина на културата за 2028, е доказ дека само високите амбиции и континуитетот во работата се нешто што на сите нас може да ни донесе успех. Ако знаеме што се стратешките интереси и внимателно ги одбереме, објави екс градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на Фејсбук.
Благодарност до сите кои уште во 2018 година веруваа дека ова е можно и несебично се вложија во овој проект.
Благодарност до Министерсвото за култура што остана упорно и посветено на овој наш заеднички проект. Благодарност до Град Скопје што опстоја на овој амбициозен план. И да !!!! Скопје е културна престолнина на Европа во 2028 година, посочи Шилегов.