Албанските опозициски партии – АлтернАтивА-Движење Беса-Демократско Движење денес поднесоа пријава до Државната комисија за спречување на корупцијата,за сомневање за корупција и конфликт на интереси.
Основа на оваа пријава, као што информираа, е сомневањето дека има корупција и конфликт на интереси во односите на ДУИ со компанијата ЕУРОВИА, која се појавува и како донатор на оваа партија, но исто така и како подизведувач во градежните активности во рамките на Коридорот 8.
-За информација на јавноста, оваа компанија е главен донатор на ДУИ, давајќи му на оваа партија околу 70.000 ЕВРА само во 2022 година. Од друга страна, токму оваа компанија преземал тендер вреден 1,8 милиони евра од Министерството за надворешни работи, која се раководи од кадар на ДУИ – Бујар Османи, додека истата се појавува и како подизведувач во Коридорот 8, каде како координатор на проектот од владата е назначен е првиот вицепремиер, исто така кадар на ДУИ – Артан Груби. Нашето сомневање е дека во овој случај се врши перење на пари и се реализира бизнис со оваа компанија, информираа од опозициските партии.
Тие посочија дека во документот што го предале до ДКЗК приложиле повеќе факти и повикале на нормите врз основа кои дејствува Комисијата, со ндеж дека ДКСК ќе ги потврди сомневањата и тоа ќе премине во правни инстанции.