Агенцијата за управување со одземен имот на Република Северна Македонија ќе претседава со БАМИН мрежата (Балканската интерагенциска мрежа за управување со нелегално стекнат имот) во периодот 2024 – 2025 година.
– Со задоволство објавувам дека имам чест како директор на Агенцијата за управување со одземен имот, да претседавам со БАМИН мрежата во периодот 2024 – 2025 година. Со голема чест Р.С. Македонија ќе го одржи Претседателството на Бамин во наведениот период, а оваа одлука ја донесовме денес на одржаната седница на Управнот одбор на БАМИН мрежата, објави директорот на Агенцијата Друтон Небиу.
![](https://new.mia.mk/articles/images/%D0%B0%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0%D0%B7%D0%B0%D1%83%D0%BF%D1%80%D0%B0%D0%B2%D1%83%D0%B2%D0%B0%D1%9A%D0%B5%D1%81%D0%BE%D0%BE%D0%B4%D0%B7%D0%B5%D0%BC%D0%B5%D0%BD%D0%B8%D0%BC%D0%BE%D1%82%D1%9C%D0%B5%D0%BF%D1%80%D0%B5%D1%82%D1%81%D0%B5%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0%D1%81%D0%BE%D0%B1%D0%B0%D0%BC%D0%B8%D0%BD%D0%BC%D1%80%D0%B5%D0%B6%D0%B0%D1%82ev47M/1CQnJ5kdc/large.webp?use_watermark=0)
Ова, посочува Небиу, претставува голем чекор во напредокот за нашата земја во областа на управувањето со одземениот имот, а при тоа и во зајакнувањето на капацитетите на финансиските истраги и конфискација на нелегално стекнат имот.