Пред неколку дена во хотелот DoubleTree by Hilton во Скопје се одржa Третата годишна
меѓународна конференција на Министерството за финансии под името Скопски
економски и финансиски форум – СЕФФ 2023. Фокусот на овогодинешниот форум
насловен „Европска интеграција и економски просперитет“ беше ставен на
забрзувањето на европската интеграција на Западен Балкан.
Во рамките на четвртиот панел на Форумот насловен „Глобални трендови и деловни
можности“ се дискутираше како Европската и регионалната интеграција влијаат врз
одлуките и работењето на деловниот сектор во државата. Учесници на панелот на
воден од Академик Абдулменаф Беџети беа Менди Ќура – Претседател на Стопанската
Комора на Северо-Западна Македонија, Трајан Ангелоски – Претседател на Сојузот на
стопански комори, Анета Антова Пешева – Претседателка на Собранието на МАСИТ –
Стопанска комора за ИКТ, Драган Давитков – Претседател на Одборот на директори на
АмЧам, Анета Димовска – Mенаџер во Стопанската комора на Северна Македонија и
Иван Костиќ – Генерален менаџер на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп.
Во фокусот на панелот беа Идентификувањето и инкорпорирањето на новите деловни
можности – преку иновативни идеи, решавање на новите прашања, надминување на
поделбите и зајакнување на регионалната соработка, која е од витално значење за
продлабочувањето на интеграцијата во ЕУ.
Генералниот менаџер на Филип Морис Тутунски Комбинат Прилеп, Иван Костиќ се
осврна на развојот и работењето на компанијата, која е лидер во тутунската
индустрија.
„Претставувам компанија која што е јавно приватно партнерство и би сакал да
споделам нешто во врска со оваа соработка. Партнерството беше формирано пред
девет години меѓу Филип Морис Интернешнел и Тутунски комбинат Прилеп и секако
имаше подеми и падови, но гордо можам да кажам се работи за соработка која за
двете страни носи позитивни резултати и која се развива и еволуира со текот на време.
Тутунскиот комбинат оваа година одбележува 150 години јубилеј и можете само да
замислите со каква експертиза и знаење се одликува. Се работи за компанија со
голема традиција, искуство и одлични производствени капацитети. Од друга страна
Филип Морис е глобален лидер на полето на технолошките иновации на пазарот.
Спојувањето на двете компании донесе само позитивни работи“.
Генералниот менаџер на ФМТКП спомена и дека компанијата почнала веќе со
остварување на своите следни цели.
„Следната одредница што ја постигнавме во ова партнерство се однесува на извозот и
многу сме горди што оваа година почнавме со извоз на готов производ. За да се почне
со извоз во оваа индустрија е потребно време и сите овие одлуки моравме да ги
донесеме во период на различни предизвици, кои ги имавме во последните неколку
години. За сето ова да стане реалност, потребна е регулаторна стабилност и овие
регулативи и норми се посебно важни во тутунската индустрија, посебно во однос на
европските регулативи. Во моментов станува збор за извоз од Прилеп до шест држави
од Западниот Балкан и Источна Европа, а до крајот на годината ќе извезуваме и во
Европската унија“, посочи Костиќ.
Костиќ во рамките на четвртиот панел на СЕФФ нагласи две клучни точки во
иновативното работење на ФМТКП и ги охрабри македонските компании да не ги
ограничуваат иновациите и да работат строго во согласност со европските регулативи.
„Во однос на иновациите што ги донесе лидерот во тутунската индустрија Филип
Морис, сакам да ја истакнам дигитализацијата и посебно онлајн продажбата и сакам
да напоменам дека оваа година целосно се префрливме на е-нарачки и комплетно
дигитално комуницираме во процесот на малопродажба. Ова беше речиси
незамисливо дека може да се спроведе насекаде и само покажува дека е возможно и
дека тоа го сакаат деловните партнери. Втората работа се иновациите што ги носи
компанијата и воведувањето на научно докажаните алтернативни тутунски производи,
кои беа препознаени и признаени од МАНУ пред две години и дека ова само
дополнително ја зголемува можноста луѓето да изберат подобри алтернативи.
Компаниите не треба се ограничуваат во поглед на иновациите и дигитализацијата,
напротив, треба да ги прифатат и спроведат, а истите треба целосно треба да бидат
усогласени со европските регулативи. Од тој аспект, сакам да ги охрабрам компаниите
и веќе можам да потврдам дека на ова поле има напредок и волја, а работите
изгледаат ветувачки и во поглед на инфраструктурата“, истакна Костиќ.