Идната недела првите сослушувања за импичмент на Бајден поврзани со бизнис активностите на неговото семејство

Републиканските членови на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес ги најавија за идната недела првите сослушувања за ипмпичмент на претседателот Џо Бајден, а поврзано со бизнис активности на неговото семејство. 

Се очекува сослушувањата кои ќе започнат на 28 септември да бидат посветени на „уставни законски прашања“ поврзани со тврдењата за вклученост на Бајден во странскиот бизнис на неговиот син Хантер Бајден. 

За ова синоќа соопшти претставникот на комитетот за надзор во Претставничкиот дом кој ќе претседателствува со сослушувањата. Комитетот планира да ги разгледа личните и деловните финансиски и банкарски документи на синот на Бајден. 

Усилбите на републиканските конгресмени во врска со ова Белата куќа ги нарече „екстремна политика од најлош вид“. 

Минатата недела специјалниот обвинител Дејвид Вајс поднесе тужба против Хантер Бајден. Обвинтелниот акт е од три точки а се однесува на незаконско  поседување на огнострелно оружје.

Ова е прв пат во историјата на САД да се поведе кривична постапка против деца на актуелен шеф на држава.

Треба да знаете
Последни објави