Климатските промени имаат значително влијание врз планетата, а секојдневното затоплување, потоплите лета и обилните дождови, во никој случај не се во корист на човештвото.
Климатолозите од Америка, Велика Британија, Франција, Индија и Холандија го објавија најновото истражување.
Најпогодени ќе бидат Грција, Турција и Бугарија каде се очекуваат страшни врнежи од дожд. Во Либија, обилните дождови како оние што ја погодија земјата минатата недела би можеле да бидат до 50 пати поверојатни отколку во сценарио без климатски промени предизвикани од човекот.
„Медитеранот е жариште на опасности поврзани со климатските промени. Отпорноста на екстремни временски настани мора значително да се зголеми во регионот за да се зачуваат човечките животи во иднина“, рече Фредерика Ото од Империал колеџ во Лондон.