Американската полиција соопшти дека килограм дрога фентанил е пронајдена под душекот за спиење во градинка во Њујорк, каде едно дете починало, а три деца биле пренесени во болница.
Би-Би-Си јавува дека починатиот Николас Доминиси, кој бил во градинка само една недела, починал во петокот, а постои сомневање дека се предозирал со оваа дрога. Се вели дека уште три деца се хоспитализирани откако стапиле во контакт со моќниот наркотик во дневен престој во Бронкс.
Unfathomable grief for this family. Nicholas Dominici was only a week into his time at the daycare pic.twitter.com/JJNnE5P0EB
— Kristie Keleshian (@KristieKNews) September 17, 2023
Две лица се обвинети за производство и трговија со дрога и убиство. Наведено е дека полицијата смета дека децата на возраст од осум месеци до две години за време на престојот во градинката вдишувале фентанил. На трите преживеани деца во болница им бил даден Narcan, итен лек за да се спречи предозирање со опијати.
Џозеф Кени, главен детектив на њујоршката полиција, изјави дека за време на претресот на дневен престој, полицајците пронашле околу килограм фентанил „под душекот каде што децата претходно спиеле“. Инспекторите, наводно, откриле и три преси за пакување килограм дрога.