Сопругата на најдобриот тенисер во светото Србинот Новак Ѓоковиќ, Јелена, вечерва во Скопје како предводник на Фондацијата „Новак“ присуствуван на промоцијата на документарниот филм на др. Габор Матео – „Мудрост на траумата“. Премиерата е во Синеплекс во трговскиот центар „Сити мол“ по што учествуваше во панел дискусија, како претставник на Фондацијата која го носи името на нејзиниот сопруг и ќе ја промовира фондацијата пред македонската публика.
Јелена денеска дојде во Скопје од Ниш со „Караванот на љубовта и среќата“, со кој изминатиов период таа ја обиколи речиси цела Србија. Во Скопје имаше време малку и да прошета низ главниот град на Македонија, по што објави и некои фотографии на социјалните мержи, како онаа од пред споменикот на Кирил и Методиј во центарот на Скопје, до Камениот мост.
Наскоро во Скопје првпата се очекува да го посети и најдобриот тенисер Новак.