Јужна Кореја воведе нови санкции кон Пјонгјанг

Јужна Кореја воведе нови санкции кон Пјонгјанг, за 10 физички лица и два ентитети поради севернокорејската нуклеарна програма и трговијата со оружје со три земји, вклучително и Русија, соопшти денеска Министерството за надворешни работи во Сеул.

На списокот на санкции на Сеул кон Пјонгјанг, како што посочуваат од Министерството, од неодамна се  наоѓаат севернокорејскиот министер за одбрана Канг Сун-нам и поранешниот началник на Генералштабот на севернокорејската народна армија, Парк Су-ил, пренесува Јонхап.

Вкупно 64 поединци и 53 агенции од Северна Кореја се додадени на списокот со санкции откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја презеде функцијата во мај минатата година.

Треба да знаете
Последни објави