Во врска со последните случувања меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски, со свој став се јави и поранешниот висок фунцкионер на ВМРО-ДПМНЕ, Јове Кекеновски кој го обвинува Груевски дека водел хајка против него и го прашува екс премиерот дали ќе се извини за сето тоа.
Ја користам оваа прилика јавно да го прашам Груевски како ми беше мене кога тој и неговите слуги ме прогласија за непријател бр 1 на партијата и државата (без никакви докази само по негова лична воља) кога барав само демократија во партијата и се борев против криминалците во нашите редови?
Како ми беше мене кога на Конвенцијата за кандидат за претседател на претседателските избори во 2013 година даде наредба никој да не смее да гласа за мене, туку за твојот кандидат Иванов?. Дали тогаш бараше делегатите на Конвенцијата да размислуваат со своја глава?
Како ми беше мене кога им нареди на твоите слуги да ме местат за наводно мито?. Дали тогаш бараше да мислат со своја глава или им наредуваше да ме егзекутираат?
Како ми беше мене кога и покрај тоа што мојот син кој конкурираше за директорска позиција во една јавна институција и беше прворангиран од партиската комисија го елиминара како неподобен само заради тоа што е мој син?. Размислуваа со своја глава членовите или ти беше тој кој нареди да го елиминираат од листата?.
Како ми беше мене кога мојата сопруга која со години работеше во Телеком (пред ти да дојдеш на било каква позиција,) ја деградираа на најниската можна позиција во Телеком само за да го напушти Телеком? Размисливаа ли си своја глава одговорните или ти и твојот братучед Сашо им наредивте да ја деградираат на најниска можна позиција, само мене да ми се осветите за мојата принципиелност ?
Како ми беше мене кога нестатуратно им нареди на слугите од ОК Бутел да ме исклучат од партијата без никаква процедура, небарем се работеше за АД во кој ти беше доминантен сопственик, а не за политичка партија која има свој Статут и други акти и процедура?
Бараше ли некогаш кога беше на позиција некој да мисли со своја глава или само бараше елиминација на ,,своеглавите’’ (читај достоинствени) и чесните како мене?
Ќе се извиниш ли Никола за обвинувањата и дејствијата без докази и за тоа што ги тераше членовите слепо да извршуваат твои наредби наместо да мислат со своја глава?. Исто онака како што бараш сега.!?
Ќе се извиниш ли за тоа што бараше без никакви докази да осудат некого на невидено?.
Имаш ли сега грам грижа на совест за тоа што го правеше бидејќи читам дека сега бараш од членовите никому да не веруваат за да не им биде криво во иднина?.
Дали тебе ти е криво Никола за стореното зло?
Никола многу си помлад од мене ама додека си во егзил си морал нешто да нучиш. Кој ,,меч’ кренал на друг, од меч загинал“ или уште подобро ,,Не им го прави на другите она што не сакаш тебе да ти го прават“ – ако воопшто е така како што пишуваш???, прашува Кекеновски.