Судирот меѓу Никола Груевски и Христијан Мицкоски не го остави рамнодушен ниту првиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски.
Георгиевски упати до порака до Груевски: „Се што ми напрви мене сега ти го прават тебе. По учебникот кој им го остави. Само очигледно тие што ми беа лојални беа далеку помногубројни“ вели екс премиерот.
Георгиевски упати порака и до членството:
„Порака до ВМРО-Шумадија:
Многу мал чекор треба да направите за да му помогнете на вашиот довчерашен лидер,што единаесет години ви даваше власт.
Да им помогнете на уште петнаесетина ваши сопартици кои лежат по затворите вклучувајки ги и од 27.
Да и помогнете на Македонија на патот до Европа“ стои во објавата на Љубчо Георгиевски на Фејсбук.