24инфо.мк од извори блиски на телевизија Алфа дознава дека во текот на вчерашниот ден имало драматични тензии во медиумот предизвикани од барањето на поранешниот премиер и пребеган осуден граѓанин на Северна Македонија, Никола Груевски.
Изворот информира дека наводно идејата и барањето биле Груевски да се вклучи во живо во емисијата на Богдан Илиевски, осудениот, па амнестиран учесник и организатор во крвавите случувања во македонскиот парламент на 27 април 2017 година.
Според информациите што ги добивме, внатре во редакцијата и менаџментот на телевизијата настанала вистинска тревога околу барањето на Груевски, при што конфликтот и раздорот на релација Груевски – Мицкоски се рефлектирал и внатре меѓу структурите на телевизијата.
Останува да се проследи дали следниве денови Никола Груевски ќе успее со својата комунукација да излезе од рамките на фејсбук обраќањата и дали ќе обезбеди канал за негово обраќање и преку мејнстрим медиумите.
Овие наводи беа демантирани од ТВ Алфа