Демант од ТВ Алфа

По написот на нашиот портал дека екс премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ барал вклучување во живо во програмата на ТВ Алфа при што настанала тензична атмосфера во телевизијата, од телевизиската куќа испратија демант, кој ние во целост го објавуваме.

Демант:

ТВ Алфа најостро ги демантира небулозните дезинформации објабени на порталот 24инфо.мк.

Ниту имало некакви тензии ниту имало некакви барања за директни вклучувања во нашата програма.

Нашата телевизија има отворена програма со гледачи неколку часа во текот на денот во која може да се јави секој граѓанин од Македонија и светот и да го каже својот став, нешто што впрочем се случува секој ден. Оттука, нема потреба од никакви барања за директни или вонредни вклучувања.

Ние сме независен медиум кој самостојно ја креира својата уредувачка политика, а ваквите обиди на одредени портали за нарушување на нашиот углед ќе завршат пред надлежните судови, стои во демантот од ТВ Алфа.

Треба да знаете
Последни објави