Иванов во ОН на состанок со помошникот генерален секретар Моратинос

Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов за време на вториот дел од посетата на САД, во Обединтите нации оствари билатерална средба со помошникот Генерален Секретар на ОН и Висок претставник за Алијанса на цивилизациите при ОН, Мигуел Ангел Моратинос.

По средбата беше потпишан Договор за партнерство во рамките на дејностите на иницијативата на Алијанса на цивилизациите при ООН. Договорот предвидува можност за заеднички проекти и активности во Македонија, но и во поширокиот регион. Со овој договор ,,Меѓународниот центар Алијанса на цивилизациите” од Скопје стана и официјален партнер на Организацијата на обединетите нации во целта за остварување на заедничките приоритети на оваа благородна идеја.

За време на посетата на САД, поранешниот претседател Иванов се обрати на панел на темата ,,Градење на Алијансата на цивилизациите во нарушени времиња” во рамките на 26-тиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави”

Во својот говор претседателот Иванов се осврна на потребата од конкретни акции преку кои би се реализирале целите на Алијансата во светот, но и во нашиот регион. Во тој контекст тој ги посочи придобивките од главните проекти на Меѓународниот Центар “Алијанса на Цивилизациите” во Скопје, како што се Школата за Млади Лидери и Форумот за Културна Дипломатија. 

26-тиот состанок на високо ниво на Меѓународниот центар ,,Низами Ганџави” се одржува во Њујорк од 19 до 21 септември 2023 година на тема ,,Обликување на иднината: Обновување на мултилатерализмот”.

Треба да знаете
Последни објави