Ковачевски од Њујорк: Со мерките во енергетиката, од земја увозник, стануваме регионален центар на „зелена“ енергија

Сите мерки кои ги презедовме, резултираа од увозник на електрична енергија земјава преку зелената енергетска транзиција, полека но сигурно да се движи во насока да станеме извозник, изјави денеска во Њујорк, премиерот Димитар Ковачевски, по средбата со ко-претседавачот на Обедениетите Нации за енергетика, Ахим Штајнер.

Ковачевски истакна дека согласно податоците на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги од 1 јануари 2022 година до сега има издадено преку 600 лиценци за производство на електрична енергија од кои 99 отсто се за фотоволтаици со што новоинсталираниот капацитет изнесува 420 мегавати, а до крајот на годинава се очекува да достигне до 600 мегавати, со што Северна Македонија станува регионален центар на зелена енергија.

„Во првите седум месеци од годинава увозот на електрична енергија, кој во зависност од година изнесувал од 30 до 40 проценти, е сведен на 14,5 проценти со што се стабилизира и ситуацијата со одлив на средства од државата. Поради фотоволтаиците цената на електричната енергија е најниска во текот на денот, тоа е причина за воведување евтина дневна тарифа“ порача Ковачевски.

Треба да знаете
Последни објави