ЦУК: Полни раце работа за пожарникарите – изгаснати 23 пожари

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера противпожарните тимови имале полни раце работа – изгаснале 23 пожари, но и за тимовите на ЕВН – интервенирале во 12 општини каде што заради локално невреме проследено со силен ветер имало повеќе дефекти и прекини на доводот на електрична енергија.

Пожари на отворено, вчера имаше вкупно 23 и противпожарните тимови сите ги изгаснале, според информациите од Секторот за операции и координација во ЦУК.

Изгаснатите 23 пожари, при што горела, мешана и нискостеблеста шума, сува трева, а на места и отпадоци) настанале во сите делови на државата во општините: Долнени, Новаци, Илинден, Студеничани, Сарај, Могила, Прилеп, Струга, Кичево, Штип, Куманово Боговиње, Општина Гостивар и на територијата на Град Скопје.

Инаку, како спротивност на пожарите вчера биле локалните врнежи во делови на државата, проследени и со посилен ветер, па на многу места, како на пример, во Штипско, Кривопаланечко, Кратовско и други места во Североисточниот дел на државата имало паднати дрвја и прекини на електричната енергија.

Треба да знаете
Последни објави