Штутгарт е најпријатното изненадување на почетокот од сезоната во германската фудбалска Бундеслига. По пет одиграни кола Штутгарт има четири победи од кои последната е вечерва против Дармштад со 3:1 со која времен се искачи на лидерската позиција. Штутгарт има 12 бода пред Баер Леверкузен и Баерн Минхен кои имаа по 10 бода и натпреавр помалку.
Во главна улога одново беше Серу Гираси кој игра во неверојатна форма сезонава. Тој денеска даде два гола и му асистираше при водечкиот погодок на Миљо. Гираси по 5 кола има дадено 10 голови во Бундеслигата со што го израмни рекордот (во оваа фаза) што го имаше Роберт Левандовски во сезоната 2020-21.
Инаку Гираси во младите категории настапуваше за Франција, но од 2022 година е репрезентативец на Гвинеја.