„Тесла“ планира да изгради фабрика за батерии за електрични возила во Индија

Компанијата „Тесла“ планира да изгради фабрика за батерии за електрични возила (ЕВ) во Индија и веќе аплицирала за субвенции од владата на оваа земја, јавува Ројтерс повикувајќи се на анонимни извори блиски до „Тесла“.

„Тесла“ претходно ја разгледуваше можноста за изградба на фабрика за електрични автомобили во Индија која годишно ќе произведува 500.000 возила, главно поевтини модели кои се продаваат за околу 22.500 евра. Како што објавија агенциите, Тесла првично имал намера да отвори продавница за електрични автомобили во Индија , но беше отфрлена откако владата на премиерот Нарендра Моди одби да ги намали високите увозни давачки за автомобили. Индиската влада сакаше да ја поттикне „Тесла“ да произведува автомобили во Индија наместо да ги увезува во земјата, пренесува Танјуг.

Њу Делхи инвестираше околу 3,2 милијарди долари во индустриски стимулации и привлече 8,3 милијарди долари инвестиции, објави Си-Ен-Ен.

Треба да знаете
Последни објави