Лука Модриќ е под договор со Реал Мадрид до крајот на сезоната и прашање е дали ќе ја продолжи кариерата или ќе замине на некоја егзотична дестинација. Капитенот на хрватската репрезентација во летниот преоден рок одби милионска понуда од Саудиска Арабија, се претпоставува дека следното лето ќе добие слична понуда.
Според шпанските медуми, Модриќ може да изненади со изборот на наредниот клуб. Наводно тој ќе им стане соиграч на некогаш големите ривали од Барселона, Лионел Меси, Серхио Бускетс и Жорди Алба во Интер Мајами.
Како што пишува „Мундо Депортиво“, веројатно Луис Суарез ќе пристигне во Мајами во јануарскиот преоден рок.
„Прашање е дали Лука Модриќ ќе го стори истото на крајот од сезоната. Желбата на Бекам е да го додаде во тимот добитникот на Златната топка од Реал, кој нема минутажа што би ја сакал под водство на Карло Анчелоти и кој би можел да размисли да отпатува во Мајами за да игра покрај Меси“.
Во текстот понатаму се открива што може да го оневозможи трансферот на Модриќ.
„Проблем би можел да биде селери-капот. Меси, Алба, Бускетс и Суарез со своите примања би пополниле 40 отсто од дозволената сума за исплата на плати. Можеби тоа не е реална опција, но ќе се видиме дали е остварлива. Засега е сигурно доаѓањето на Суарез“, пишува „Мундо Депортиво“.